Објектот содржи приземје,7 ката и поткровје со станови од 19 м2 до 70 м2. Паркирањето се врши на локацијата и на две подземни нивоа. Стамбениот објект се наоѓа на атрактивна локација во населбата Кисела Вода во Скопје. Сместен е во амбиент опкружен со дрва и зеленило во непосредна близина на супер маркетот Веро, до општината на Кисела Вода.
Изградбата на објектот во целост ја почитува законската
регулатива и е во согласност со барањата за А-класа енергетски ефикасни згради. Вградените материјали се исклучително квалитетни, вградени на на професионален начин следејќи ги најновите иновации во градежништвото.